Леброн само пет пати во кариерата одиграл ваков натпревар

Леброн само пет пати во кариерата одиграл ваков натпревар

пред 1 час

Леброн Џејмс, учествуваше во поразот на Лос Анџелес Лејкерс против Феникс Санс (108:125). Ветеранот на теренот мина малку повеќе од 31 минута. Го заврши натпреварот без ниту еден скок, што претходмо му се случило пет пати во кариерата. Постигна 10 коша. Еден помалку би значел крај на чудесната серија.

Рекордерот според бројот на постигнати поени во НБА (42.260 во регуларната сезона, 8.289 во плејофот) е во серија од 1.297 натпревари во кои постигна двоцифрен број поени.

Таа серија трае речиси 19 години, односно од 6 јануари 2007 година.

Џејмс на крајот забележа 10 поени, три асистенции и три изгубени топки. Тој шутираше 3/10 од поле и 3/4 од линијата за слободни фрлања.

Леброн го пропушти почетокот на сезоната поради повреда, а оттогаш има просек од 15,2 поени, 4,0 скока и 7,2 асистенции по натпревар. Неговите просеци на поени и скокови никогаш не биле пониски во лигата во која влезе во 2003 година.

Тој ќе го прослави својот 41-ви роденден на последниот ден од годината.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top