„Сите што ме познаваат добро знаат колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“ кажа Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“ за кобната ноќ

„Сите што ме познаваат добро знаат колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“ кажа Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“ за кобната ноќ

пред 1 час

До ден денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер, изјави првообвинетиот и сопственик на дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов, на денешното судско рочиште.

Кажа дека цели девет месеци е затворен во четири ѕида.

„Секојдневно ја преживувам таа трагична ноќ, изјави првообвинетиот Јованов.

Со треперлив глас, на моменти и со солзи во очите, кажа дека не може да поверува што се случило таа ноќ.

„Јас како човек и како родител, каде што се собираа сите млади и моите деца да бидам способен да дозволам да фали нешто. Зарем сериозно мислите дека доколку би знаел дека фали нешто, не би презел се за да се отклони навреме. Во тој клуб, на тоа место има пораснато десетини генерации. Сите што ме познаваат добро знаат колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот. Од срце и од душа сакам да изразам сочувство на сите фамилии што имаат починати а на повредените опоравување. Затоа што ја знам нивната болка и тага, затоа што и ние во нашата фамилија имаме починат и повреден член и ја носиме истата болка како и вие што ја носите. И уште едно не ми е јасно, зошто Михајло е обвинет бидејќи тој немаше никакви обврски и активности ниту пак допирни точки со работата на клубот. Тој си имаше негова фирма за дистрибуција, си ги работеше неговите работни обврски со неговата фирма и си беше нормален гостин како и сите“, кажа Јованов.

Тој како и останатите обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ истакна дека не се чувствува за виновен за кривичните дела што му се стваат на товар,

Текстот „Сите што ме познаваат добро знаат колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“ кажа Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“ за кобната ноќ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top