Изложбата „Кој кого жени?“ на Замокот Тракошчан од Република Хрватска, ќе гостува во НУ Музеј на македонската борба за самостојност.
Свеченото отворање е на 4 декември 2025 (четврток) во 13 часот, a тематски фокус на изложбата е придонесот и значењето што го имале благородничките во хрватското општество и во нивните семејства.
Македонската публика има можност да ја види оваа изложба до 11 јануари во галерискиот простор на првиот кат од музејот.
Гостувањето е резултат на соработката меѓу институциите и е воедно поттик за продлабочување на културните врски меѓу двете земји. Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска.
Текстот Изложбата „Кој кого жени?“ од Хрватска гостува во Музејот на македонската борба за самостојност е превземен од МАКФАКС.






