Ракометарите на Загреб, серијата од 11 порази во Лигата на шампионите (девет од нив во оваа сеозна0, ја прекинаа во дуелот со Еурофарм Пелистер. Во Б групата, во 10-то коло, Загреб го победи Еурофарм Пелистер со 27:23. Ова е прв триумф на Загреб во Лигата на шампионите оваа сезона и прв триумф елитното натпреварување уште од 12 февруари кога победи, сензационално кај Пик Сегед со 27:26.
Пелистер добро влезе во натпреварот, му дозволија на Загреб да постигне само еден гол во првите 11 минути од натпреварот. Хрватскиот првак ја истпи предноста на Пелистер до 21-та минута (8:8).
За прв пат Загреб поведе во 22-та минута со голот на Филип Главаш за 9:8, а на полувреме беше 14:12 за домашниот тим.
Почетокот на вториот дел беше сличен на првиот, разликата е таа што Загреб во првите 10 минути направи серија 5:1, за предност 19:13. Клучен човек во таа серија беше голманот Сандро Мештриќ, се истакна, одбрани пет од првите седум удари што одеа кон неговиот гол.
Загреб ја одржуваше предноста до крајот на натпреварот без поголеми проблеми и конечно ја оствари својата прва победа во групата Б.
Најефикасен играч кај Загреб беше Филип Главаш со дури 10 гола, додека Давор Чавар, Ихар Бјалауски и Ивано Павловиќ додадоа по четири. Сандро Мештриќ се истакна на голот со 12 одбрани и 50% процент на успешност. Филип Кузмановски беше најдобар стрелец на Пелистер со седум гола.
Foto/ EPA GEORGI LICOVSKI






