Во Скопје пристигнува мултимедијалниот спектакл K-POP FOREVER – шоу што ја слави најголемата музичко културна револуција на 21. век. Македонската публика ќе има ексклузивна можност да го доживее овој глобален феномен на 28 февруари 2026 во арената „Борис Трајковски“.
По огромниот успех на првите настапи во Даблин, Корк и Белфаст, каде што во секој град беа распродадени три концерти уште во претпродажба, шоуто продолжува да ги освојува најголемите европски арени. Скопје е меѓу избраните градови што ќе бидат дел од оваа престижна турнеја, која ветува спектакл на највисоко светско ниво.
K-POP FOREVER! е визуелно и музичко патување низ најиконичните моменти на корејската сцена. Публиката ќе ужива во live интерпретации на хитовите што ги поставија BTS на врвот на светската поп-култура, моќната женска енергија инспирирана од BLACKPINK, експлозивните кореографии на TWICE, романтичните мелодии на MELOMANCE, како и заразната поп-експлозија на HUNTR/X и SAJA BOYS. Шоуто е дизајнирано како енергичен, инклузивен и семеен формат што ги обединува сите генерации.
Создадено специјално за најголемите арени, шоуто носи LED екрани со ултра висока резолуција, моќни визуелни и специјални ефекти, динамично осветлување и интернационален тим танчери и изведувачи кои ја пресоздаваат естетиката и сценската магија на корејските суперѕвезди. Секој визуелен и музички сегмент е осмислен да ја пренесе автентичната K-POP енергија што го освои светот.
Филмот K-POP DEMON HUNTERS, кој го инспирираше ова шоу, собра повеќе од 250 милиони прегледи во првите три месеци, што го направи најгледаниот Netflix филм на сите времиња. Саундтракот, со песни од HUNTR/X и SAJA BOYS, се искачи на врвот на Billboard 200 и веќе брои над 3,5 милијарди слушања на Spotify. Хитот Golden доби номинација за Греми во категоријата „Song of the Year“.
Целата таа глобална енергија, уметничка сила и визуелна моќ се преселуваат на сцената на K-POP FOREVER! дозволувајќи ѝ на македонската публика да влезе во вистински K-POP универзум исполнет со звук, светлина, емоции и адреналин.
На 28 февруари Скопје ќе пулсира во ритамот на најголемиот K-POP спектакл што некогаш се одржал во Македонија, најавува организаторот.






