Пука Козметика во сабота ќе слави 30 години во МКЦ

Пука Козметика во сабота ќе слави 30 години во МКЦ

пред 2 часа

Во сабота, 13 декември, во Младински Културен Центар со почеток од 20:00 часот започнува роденденот на пионерите на македонскиот рап Пука Козметика.

Во киното Фросина приказната на групата ќе биде раскажана по што следува промоција на нивната прва винил плоча, за да настанот кулминира во денсинг салата со многу гости рапери и секако концерт на Пука Козметика.

Тие пред неколку дена го пуштија својот нов сингл и видео спот за песната Рап ветерани.

 

„Гости на настанот се рапери кои ги почитуваме и сакаме да ги слушаме како Туте, Нож, Сам, Дре, Багзи, Рибио, Скитер, Пецо Исток, Негро, а секако отстапуваме и дел за млади емсиња како Крафи, Жабата Леон ММ млад диџеј, како и Диџеј Номадузз кој е дел од Пука Козметика од 2004 та и е нашето креативно крило сите дизајни се негово ремек дело. Би упатиле и еден длабок поклон и вечна памет за братот Скипи од Прилеп кои требаше да настапи, но летна кон рајските градини на 09.12.2025. Нека почива во мир и нека се помни неговата добрина многу години“, се наведува во најавата за настанот.

Билетите за настанот чинат 300 денари во претпродажба преку операторот МК Тикетс, додека на врата ќе биде 600 денари.

„Секако како на сите настани организирани од наша страна, па така и на 13.12. Ќе има неколку кутии за донации кои ќе одат за помош на нашиот човек Грицко“, велат раперите.

Од Пука Козметика упатуваат до сите вистински љубители на македонскиот рап да дојдат на овој јубилеј на една од пионерските рап групи во Македонија.

Share
Scroll to Top