(Видео) Џенифер Лопез го обележа роденденот на мајка си со емотивна објава

(Видео) Џенифер Лопез го обележа роденденот на мајка си со емотивна објава

пред 13 часа

Гвадалупе Родригез, мајка на поп дивата Џенифер Лопез, го прослави својот 80-ти роденден со стил – во Лас Вегас.

Семејството и пријателите блиски до поп пејачката, како и нејзината мајка, се собраа за да го прослават овој прекрасен ден. Џенифер ја документираше целата прослава, објавувајќи фотографии и видеа на социјалните мрежи.

Таа објави компилација од фотографии на Инстаграм со емотивен опис:

„Ти си срцето на нашето семејство, мојот најголем учител и мојот вечен пример за сила, грациозност и безусловна љубов. Сè што сум, сум благодарение на тебе… твоите жртви, твојата вера, твојот хумор и начинот на кој сакаш.

Ти благодарам што секогаш веруваше во мене, што ме поддржуваш и што ме потсетуваш која сум…“, напиша Џеј Ло.

Според објавите, екипата беше повеќе од спремна да танцува до доцна во ноќта, а судејќи според фотографиите, Гвадалупе водеше.

Покрај позитивната атмосфера, имавме среќа да го видиме и беспрекорниот изглед на гостите, особено Џенифер Лопез, која повторно воодушеви со своите вечерни тоалети.

Share
Scroll to Top