Петр Чех се враќа како четврти голман на Челси, „сините“ велат дека тој е „последната опција“

Петр Чех се враќа како четврти голман на Челси, „сините“ велат дека тој е „последната опција“

пред 4 години

Челси го вклучија Петр Чех во својот 25-член состав за Премиер лигата како „голман за итни случаи“, и покрај тоа што чешкиот голман се повлече од фудбалот во 2019 година.

38-годишниот Чех тренира со клубот веќе неколку недели и сега ќе биде четврти голман во 25-члениот тим, откако претходно лани се приклучи на тимот како технички советник. Чех е четврти голман зад Кепа Аризабалага, Едуар Менди и Вили Кабалјеро.

Клубот се обиде да ги намали надежите на навивачите дека ќе го видат Чех меѓу стативите.

„Петр Чех е приклучен на тимот како голман за итни случаи. Се работи за мерка на претпазливост поради непредвидливите услови поради КОВИД-19. Тој има улога на фудбалер без договор“, велат од клубот.

Чех се повлече од фудбалот по крајот на сезоната 2018/19, откако помина 11 сезони во Челси, но од 2015 до 2019 бранеше за Арсенал. Додека беше фудбалер на Челси, тој освои титула од Премиер лигата, четири трофеи од ФА купот и титула од Лигата на шампионите.

Share
Scroll to Top