Тијаго Силва во Порто

Тијаго Силва во Порто

пред 6 часа

Бразилскиот ветеран, Тијаго Силва (41) се врати во Европа, тој потпиша договор „еден плус еден“ со Порто. Значи тој ќе игра за португалскиот клуб до крајот на сезоната, со можност за продолжување за уште една сезона.

Минатата недела, Силва го раскина договорот со Флуминенсе од родниот Рио де Жанеиро. Во Флуминесе мина две сезони во својот втор мандат во дресот на „триколорите“ .

Силва го носеше сино-белиот дрес на клубот со „Драгао“ во сезоната 2004/05, но беше дел од Б тимот, играше во втората лига на португалскиот фудбал. Сепак, тој не доби можност да игра за првиот тим на Порто, кој го испрати во московски Динамо, но не играше ниту во познатиот руски клуб, па беше испратен на позајмица во Флуминенсе.

Клубот од неговиот роден град го задржа три години, а сонародникот Леонардо, кој го предводеше тренерскиот штаб на Милан во 2009 година, го донесе во „росонерите“, со кои Силва ја освои двојната круна во 2011 година.

Силва остана на „Сан Сиро“ три сезони, по што следеше ангажман со Пари Сен Жермен, каде што помина полни осум години, носејќи ја капитенската лента и освојувајќи седум титули и пет изданија на Купот на Франција.

Потоа четири сезони од 2020 до 2024 го носеше дресот на Челзи. Со „сините“ успеа да ја освои и Лигата на шампионите.

КОга се врати во Бразил, се чинеше дека таму и ќе ја заврши кариерата, но тој се премисли, има голема желба да избори место во бразилската селекција на Мундијало, поради што се реши да се врати во Европа.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top