Дејан Станковиќ повторно ќе стане тренер на фудбалскиот клуб Црвена звезда. Како и пред шест години, тој доаѓа на местото на Владан Милојевиќ.
Владан милојевиќ, ја напушти прес-конференцијата без да даде изјава, откако црвено-белите ја победија Младост со 4:0 во саботата, јасно посочувајќи дека натпреварот му бил последен како шеф на стручниот штаб.
Како што објави „Моцартспорт“, Дејан Станковиќ во понеделник ќе биде промовиран во нов тренер на Црвена звезда. Според овој извор тој веќе потпишал две ипол годишен договор.
„Црвена звезда го сакаше Алберт Ријера (тренер на Целје) како своја примарна желба, не успеаја да го ангажираат Шпанецот, а во исто време, Станковиќ остана без работа во московски Спартак. 47-годишниот стручњак автоматски се наметна како најлогична опција во декемвриските денови, и така по втор пат екс играчот на Лацио и Интер и еден од најомилените играчи на Звезда во ерата по Бари ќе седне на црвено-белата клупа. Интересно, како историјата да се повторува, бидејќи во декември 2019 година, Станковиќ го замени Владан Милојевиќ по завршувањето на првиот дел од сезоната“, пишува порталот.
Во својот прв мандат, Дејан Станковиќ ја тренираше Звезда од декември 2019 до август 2022 година.
Тој освои три титули во српското првенство и двапати го освои Купот на Србија, а три пати беше елиминиран во плејофот за пласман во Лигата на шампионите.
Foto/ shutterstock






