Фудбалерите на Јувентус ја победија Рома во Торино со 2:1, во дербито на 16-то коло од италијанската Серија А.
„Старата дама“ го забележа вториот важен триумф во првенството, по оној во Болоња, значително го подигна нивото на игра во два овие натпревари и сега има 29 бода на петтата позиција, само еден помалку од четвртопласираната Рома.
„Волчицата“ сè уште не знае за нерешен резултат сезона, ова е нејзин шести пораз, со 10 триумфи, а она што станува карактеристично за тимот на Џанпјеро Гасперини е тоа што е немоќен во дуелите со најсилните италијански тимови.
Рома имаше целосна контрола врз играта во првото полувреме, но и во таква ситуација му доволи на Јувентус две шанси во финишот на полувреме. Консеисао не успеа во првиот обид во 43-та минута, но една минута подцна тој го совлада Свилар.
Јувентус во вториот дел ја имаше инцијативата, а предноста ја удвои во 70-та минута. Првиот обид на Мекени, Свилар успеа да го одбрани, топката се врати до Американецот кој му асиситираше на Опенда. Белгиецот од пет метри само ја испрати топката во празната мрежа. Ова е прв гол за Опенда во Серија А оваа сезона.
Шест минути подоцна, Рома се врати во мечот, со голот на Балданци. Јилдиз во 80-та минута, можеше да го реши мечот, но топката по негвиот удар заврши во стативата.






