Сара Јо се скрши на сцена во Скопје – Со солзи му оддаде почит на Панчо

Сара Јо се скрши на сцена во Скопје – Со солзи му оддаде почит на Панчо

пред 3 часа

Српската пејачка Сара Јо вчеравечер (20 декември) одржа концерт во еден од најпознатите клубови во Скопје, но наместо само музичко шоу, публиката беше сведок на длабоко емотивен момент кој долго ќе се памети.

Во еден дел од настапот, Сара најави дека ќе отпее песна во чест на својот близок пријател Панчо од ДНК, со кого ја поврзувало силно пријателство. Стануваше збор за песната Ако утре ме нема, која за неа имаше особено значење.

Пред да започне, пејачката се обрати до публиката со тивок, но искрен глас, испраќајќи порака дека верува оти Панчо ја гледа и дека секогаш ќе остане во нејзиното срце. Во салата завладеа тишина, а емоциите се почувствуваа уште со првите акорди.

Како што започна да ги пее почетните стихови, Сара Јо видливо се скрши. Пеењето се претвори во солзи, гласот ѝ затрепери, а по неколку такта таа мораше да застане, не успевајќи да ја доврши песната. Публиката ја поддржа со аплауз и тивка емпатија, сведочејќи на момент на искрена човечка болка и љубов.

Инаку, уште пред концертот, Сара Јо на социјалните мрежи најави дека настапот во Скопје ќе го посвети на Панчо, споделувајќи и видео од проба на кое ја изведува песната со силни емоции.

Share
Scroll to Top