Британскиот музичар Крис Рија, чија кариера траеше повеќе од пет децении, почина на 22 декември на 74-годишна возраст, оставајќи зад себе богато музичко и финансиско наследство.
Британскиот пејач Крис Рија е најпознат по својот хит „Driving Home for Christmas“, кој е една од омилените божиќни песни на многу луѓе.
Во соопштението во име на неговата сопруга и двете деца, пишува: „Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот сакан Крис. Тој почина мирно во болницата порано денес, по кратко боледување, опкружен со своето семејство“, пренесуваат медиумите во регинот.
За време на својата кариера, Рија создаваше музика што комбинираше рок, блуз и поп, а неговиот длабок, препознатлив глас и виртуозни гитарски вештини оставија голем белег во музичката индустрија.
Освен хитот „Driving Home for Christmas“, тој е познат и по песни како „Road to hell“, „On the Beach“ и „Fool (If You Think It’s Over)“.
Рија беше оженет, имаше две ќерки, а покрај неговата значајна музичка кариера, се обиде и како актер во комедијата „Parting Shots“. Во овој филм на Мајкл Вајнер, Крис ја игра главната улога, заедно со Џон Клиз и Боб Хоскинс.
Неговата смрт означува крај на една важна музичка ера, а обожавателите ширум светот ќе го паметат по топлите мелодии што станаа дел од празничната традиција.






