Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес изјави дека во Нук ја потврдил „непоколебливата“ поддршка на Франција за суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска и Гренланд.
„Гренланд им припаѓа на своите граѓани, а Данска е негов гарант. Се придружувам на гласот на Европејците во изразувањето на нашата целосна солидарност“, рече Макрон на Икс.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на почетокот на својот втор претседателски мандат, во јануари оваа година, изјави дека има намера да го преземе Гренланд, наведувајќи ја како објаснување неговата стратешка позиција за безбедноста на Соединетите Американски Држави, додека Данска, која ја контролира таа арктичка територија во последните 300 години, одби да се откаже од Гренланд, пренесува Танјуг.
Трамп се обиде да го купи Гренланд за време на неговиот прв претседателски мандат, но данската и гренландската влада ја отфрлија таа понуда од 2019 година, потсетуваат медиумите.
Фото: депозитфотос
Текстот Макрон: Го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска и Гренланд е превземен од МАКФАКС.






