Италијанските медиуми, објавуваат дека турски Фенербахче има подготвена понуда од 40 милиони евра за 26-годишниот Давиде Фратеси, играч од средниот ред на Интер. Оваа зима, Фенербахче сака да го доведе играчот кој има 33 настапи за италијанската репрезентација со осум гола во кариерата, а кој игра многу малку оваа сезона во Интер.
Порано, Јувентус покажа интерес за него, по што следуваа Наполи и Рома, но Интер би сакал да го испрати овој играч во странство отколку да го засили еден од своите конкуренти за врвот на италијанската Серија А.
Претходно, медиумите пишуваа дека Интер би бил задоволен со понуда од 35 милиони евра, а понудата на турскиот клуб дефинитивно ги задоволила апетитите на челниците на Интер, кој во моментов е лидер во италијанската Серија А.
Фенербахче во моментов е втор во турската Суперлига и има три бода помалку од лидерот Галатасарај.
Фратеси ја започна својата професионална кариера во Сасуоло, но потоа играше како позајмен играч во Асколи, Емполи, Монца и Интер, чиј член дефинитивно стана во 2024 година. Фратеси има важечки договор со Интер до јуни 2028 година.
Foto/ depositphotos






