Се чини дека Дакота Џонсон повторно е во љубовна приказна. Актерката била забележана на вечера со пејачот Рол Модел (вистинско име Такер Пилсбери), што веднаш поттикна гласини за нова врска. Фотографиите од празничното дружење со пријатели ги објави ТМЗ.
Според извор за американските медиуми, двајцата биле блиски и нежни за време на вечерата. Овие гласини доаѓаат неколку месеци по наводната разделба на Џонсон од долгогодишниот партнер, фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин.
Актерката била активна и за време на празниците – неодамна била видена во шопинг со мајка ѝ, како и на тренинг во Лос Анџелес.
На професионален план, Џонсон во 2025 година објави два филма, а ја очекува и филмска адаптација на романот „Verity“, во која ќе глуми со Џош Хартнет и Ен Хатавеј.
Фото: Depositphotos






