Тадеј Погачар, словенечки велосипедист, и Самер Мекинтош, канадска пливачка, беа избрани за најдобри спортисти во светот во анкета на познатиот француски спортски весник „Лекип“. Погачар и Мекинтош прв пат во кариерите ја добија оваа награда.
Погачар го победи шведскиот скокач со стап Армандо Дуплантис во тесна борба.
Погачар собра 821 поен, а Дуплантис 799. Двајцата беа далеку пред конкуренцијата, третопласираниот шпански тенисер Карлос Алкараз имаше 252 поени. За потсетување, Дуплантис, минатата недела ја доби, беше прогласен занајдобра европски спортист, во традиционалниот избор на полската новинска аганеција, ПАП.
Во женска конкуренција немаше неизвесност, Канаѓанката Мекинтош победи со 628 поени. Зад неа беа две американски спортистки, Сидни Меклафлин-Леврон со 516 и Мелиса Џеферсон-Вуден со 425 поени.
Погачар го освои Тур де Франс во 2025 година, негова четврта победа во кариерата на најпрестижната трка во светот. Покрај тоа, 27-годишниот Словенец ја потврди својата доминација со победи на Трката околу Фландрија и Ломбардија и трката Лиеж-Бастон-Лиеж.
Самер Мекинтош се истакна на Светското првенство во Сингапур оваа година, освојувајќи четири златни медали. Канадската тинејџерка победи на 400 метри слободен стил, 200 метри пеперутка и 200-400 метри мешано.
Foto/ depositphotos






