(Видео) Мбапе лош губитник, Фермин и Кубарси вулгарно го славеа трофејот

(Видео) Мбапе лош губитник, Фермин и Кубарси вулгарно го славеа трофејот

пред 5 часа

Барселона го освои Суперкупот на Шпанија со триумфот над Реал (3:2). Каталонците 16-ти пат го освоија Суперкупот, кој во формат на турнир веќе неколку години е игра во Џеда, Саудиска Арабија.

Главната приказна од Ел Класико е потегот на Килијан Мбапе по натпреварот и однесувањето на младите играчи на Барселона, Фермин Лопез и Пау Кубарси.

Реал ги доби медали за пласман во финалето, а играчите на Барселона формираа шпалир во чест на своите ривали. Потоа следеше церемонијата на доделување медали и трофеи на победниците, но играчите на Реал не им вратија иста мерка на своите ривали.

Според каталонските медиуми, Килијан Мбапе одиграл клучна улога во таа одлука. Под наслов „Лошиот губитнички потег на Мбапе – побара од соиграчите да не ѝ аплаудираат на Барселона“, е насловот на Мундо Депортиво.

„Играчите на Барселона формираа шпалир за Реал, но потоа Французинот беше забележан како им кажува на играчите три пати да не ѝ аплаудираат на Барселона кога играчите ги добиваат медали и им наложи да ја напуштат церемонијата на доделување трофеи“.

Каталонците додадоа: „Мбапе покажа однесување на лош, фрустриран губитник, што предизвика гнев кај навивачите на Барселона на стадионот во Џеда. Особено затоа што играчите на Барса покажаа почит кон своите противници“.

Мунди Депортиво заклучува: „Некои од соиграчите на Мбапе ја послушаа неговата неспортска препорака, додека други сепак покажаа почит кон Барселона за време на нивната прослава.“

Каталонската ТВ3, со приложено видео од потегот на Мбапе напиша: „Мбапе е лош губитник. Тој ги замоли своите соиграчи да не формираат шпалир за играчите на Барселона. Тие го послушаа и Барса така остана без потег за да покаже почит кон победникот.“

Од друга страна камерите на Мовистар, еден од реализаторите на преносот, исто така, фатија прилично несоодветна прослава на две млади ѕвезди на Барселона.

Камерите го фатија Фермин Лопез за време на прославата на титулата против Реал Мадрид, како се обраќа на трибината на која беа сместени навивачите на „кралскиот клуб“, со презир. „Еве! Пушете го, пушете го, марширајте дома!“, јасно може да се види како играчот на Барселона вели додека скока покрај Јамал и Касадо.

Фудбалерите на Барселона, додека ја славеа титулата, во еден момент влегоа во вербален конфликт со навивачите на трибините кои ги провоцираа и им викаа. Тука можеше да се забележи како Пау Кубарси покажува среден прст, иако на видеото не е јасно кон кој дел од трибините е насочен.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top