Иран најави враќање на интернетот и му порача на Трамп: Подготвени сме за војна, но и за дијалог

Иран најави враќање на интернетот и му порача на Трамп: Подготвени сме за војна, но и за дијалог

пред 5 часа

Интернетот наскоро повторно ќе биде достапен низ целиот Иран, објави иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Абас Арагчи, објави Ал Џезира.

Тој нагласи дека владата тесно соработува со безбедносните служби за решавање на проблемот и потврди дека интернет-поврзувањето ќе биде вратено и во амбасадите и владините министерства, објавија странските медиуми.

Арагчи, исто така, се осврна на предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп за можна воена акција доколку протестите во Иран станат насилни.

Иранскиот министер ги нарече ваквите закани „терористички чин“, тврдејќи дека изјавите на Трамп ги мотивирале „терористите“ да ги нападнат демонстрантите и безбедносните сили со цел да предизвикаат странска интервенција.

И покрај тензиите, Арагчи заврши со помирувачка, но цврста порака: „Подготвени сме за војна, но и за дијалог“.

Текстот Иран најави враќање на интернетот и му порача на Трамп: Подготвени сме за војна, но и за дијалог е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top