За време на концертот на Ана Бекута, кој се одржа на градскиот плоштад во Чачак по повод Стара Нова Година, се случи непријатен инцидент.
Мала група поединци од публиката ја натераа да реагира и делумно да го прекине концертот, бидејќи фрлаа топки снег кон Ана и нејзините музичари.
Иако настапот се одвиваше со бучава од свиркање, ситуацијата ескалираше во моментот кога од толпата кон пејачката беа фрлени снежни топки. Еден музичар беше погоден во главата.
Ана Бекута накратко го прекина настапот за да и се обрати на публиката.
„Срам да ви е! Имате ли мајка? Имате ли сестра? Имате ли баба? Срам да ви е! Каде е полицијата овде? Дали полицијата прави нешто? Веќе нема да пееме и свириме!“, рече Бекута од сцената.






