Хоџа и Филипиду разговараа за прекуграничната соработка во заштитата на животната средина

Хоџа и Филипиду разговараа за прекуграничната соработка во заштитата на животната средина

пред 5 часа

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес оствари работна средба со амбасадорката на Република Грција во Република Северна Македонија, Софија Филипиду, на која беа разгледани приоритетите на билатералната соработка во областа на животната средина.

Во фокусот на разговорите беа активностите поврзани со управувањето со Националниот парк Преспа (Prespa National Park), управувањето со водните ресурси, хидролошката состојба на Преспанското и Дојранското Езеро, како и тековните прекугранични проекти што се реализираат.

Двете страни ја потврдија заедничката заложба за натамошно унапредување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, со посебен акцент на заштитата на животната средина и одржливиот развој на прекуграничните региони.

Текстот Хоџа и Филипиду разговараа за прекуграничната соработка во заштитата на животната средина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top