Путин разговараше по телефон со Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток

Путин разговараше по телефон со Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток

пред 10 месеци

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток.

„Беше разговарано за ситуацијата на Блискиот Исток и во Иран. Владимир Путин ги презентираше своите основни пристапи за интензивирање на политичките и дипломатските напори за обезбедување стабилност и безбедност во регионот“, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува РИА Новости.

Како што е наведено, Путин ја потврди подготвеноста на Русија да преземе медијаторски напори за конструктивен дијалог, а двете страни се согласија да продолжат со контактите на различни нивоа, пренесува Танјуг.

Фото: ЕПА

Текстот Путин разговараше по телефон со Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top