Единаесетгодишно момче во Пенсилванија обвинето за убиство на таткото оти му го одзел „Нинтендото“

Единаесетгодишно момче во Пенсилванија обвинето за убиство на таткото оти му го одзел „Нинтендото“

пред 3 часа

Единаесетгодишно момче од Пенсилванија е обвинето за убиство на својот татко, откако наводно пукало во него затоа што му била одземена гејминг-конзолата Nintendo Switch, објави „Гардијан“.

Инцидентот се случил на 13 јануари во семејната куќа во Данканон Боро. Полицијата била повикана рано наутро и го пронашла 42-годишниот татко починат во спалната соба. По истрагата, како осомничен бил идентификуван неговиот 11-годишен син.

Според полициските наводи, момчето признало дека било луто откако му било кажано да оди на спиење. Навело дека клучот од сефот со оружје го нашло додека го барало одземениот Nintendo Switch и од таму земало пиштол. По приведувањето, му е одбиена кауција, а судското рочиште е закажано за 22 јануари.

Текстот Единаесетгодишно момче во Пенсилванија обвинето за убиство на таткото оти му го одзел „Нинтендото“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top