(Видео) Побуна во Гватемала: Затвореници презедоа контрола и зедоа 46 заложници

(Видео) Побуна во Гватемала: Затвореници презедоа контрола и зедоа 46 заложници

пред 8 часа

Затвореници во Гватемала се побунија во три затвори и зедоа најмалку 46 заложници, потврди министерот за внатрешни работи Марко Антонио Виледа. Според властите, зад координираната акција стои бандата „Барио 18“, чии членови барале подобри услови и преместување на својот лидер.

Заложниците се претежно затворски чувари, а меѓу нив има и психолог. Виледа истакна дека немало жртви ниту повредени, и порача дека нема да има договори со, како што ги нарече, „терористички групи“.

Во затворот Реновасион 1 во градот Ескуинтла, армијата и полицијата го опколија објектот. Еден маскиран затвореник преку бодликавата жица изјавил дека бараат преместување поради несигурност во затворот.

Министерството соопшти дека побуната е директен одговор на укинување на привилегиите за затворските шефови.

Текстот (Видео) Побуна во Гватемала: Затвореници презедоа контрола и зедоа 46 заложници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top