Флик: Најнесреќниот натпревар во мојата кариера

Флик: Најнесреќниот натпревар во мојата кариера

пред 5 часа

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше разочаран по поразот во неделата од Реал Сосиедад (2:1) на „Реале арена“, истакнувајќи дека резултатот не ја одразува играта на неговиот тим, кој создаде многу шанси. Тој, исто така, се согласи со изјавите на капитенот Френки де Јонг за судијата Хесус Хил Манзано, наведувајќи дека комуникацијата со него била невозможна.

Тимот од Сан Себастијан славеше со головите на Микел Ојарзабал и Гонзало Гуедес, додека единствениот гол за Барселона го постигна Маркус Рашфорд.

По поразот во натпреварот, во кој на Барселона им беа поништени три гола и еден пенал, Каталонците остана водечки тим во шпанското првенство со 49 бода, само еден повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.

„Не сум среќен. Разочаран сум, имавме многу чисти шанси, а резултатот не го одразува она што се случуваше на теренот. Но, ми се допаѓа како игравме“, рече тренерот на Барселона.

Тој, исто така, призна слабости во играта на својот тим: „Направивме грешки во одбраната, мора да се браниме подобро. Немавме среќа ниту во нападот. Вториот гол на Реал Сосиедад нè уништи.“

И покрај поразот, Флик верува дека тимот треба да продолжи во иста насока.

„Нашата игра беше добра. Можеби можевме подобро да се браниме во неколку акции, но генерално сум задоволен. Игравме многу добро во последните две недели и мора да продолжиме така. Мора да се фокусираме на следниот натпревар, што е многу важно“, рече Флик.

Тој истакна дека ова бил „најнесреќниот натпревар во неговата кариера“, во која ги водеше Барселона (90 натпревари), Германија (25 натпревари) и Баерн (86 натпревари).

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top