„Влен“: Ристов не е изолиран случај, „чадорот“ на заробената правда се крши

„Влен“: Ристов не е изолиран случај, „чадорот“ на заробената правда се крши

пред 4 часа

Одлуката на Судскиот совет да му го одземе имунитетот на Апелациониот судија, Ѓоко Ристов, за привремено да го отстрани од функцијата и да му изрече мерка куќен притвор е важен чекор. Но, овој чекор не го затвора прашањето, напротив, го отвора уште повеќе затоа што кога ќе се открие дека кај Апелациониот судија има 350 илјади евра за кои се сомнева дека се нелегални пари, ова не е индивидуален скандал. Ова е лицето на заробената правда, велат од „Влен“.

Коалицијата потсетува дека Ристов, заедно со нон грата судијата Енвер Беџети, беа дел од одлуките што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков – како што го нарекуваат, симболот на заробената држава. Во истиот контекст, Артан Груби, бегалец од правдата, исто така беше санкциониран нон грата.

„Тука нема случајност. Има шема. Има штит. Има чадор. Затоа, главното прашање не е само што ќе се случи со Ристов. Прашањето е кој го заштитил Ристов, а кого Ристов заштитил. Граѓаните имаат право да знаат во колку случаи Ристов и Беџети дејствувале, во колку случаи одлучувале за притвор, финансиски гаранции, одложувања или застарувања и кои конкретни одлуки доведоа до ослободителни пресуди, бегство од одговорност или тивки “амнестии“ за моќни луѓе“, велат од „Влен“.

Се додава и дека куќниот притвор не смее да се претвори во удобен одмор, додека системот продолжува со истото. Истрагата мора да оди до крајот на синџирот, со целосна контрола на одлуките, следење на имотот и конкретна одговорност, со имиња и презимиња.

Текстот „Влен“: Ристов не е изолиран случај, „чадорот“ на заробената правда се крши е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top