Касемиро ќе го напушти Манчестер Јунајтед

Касемиро ќе го напушти Манчестер Јунајтед

пред 4 часа

Манчестер Јунајтед објави дека нема да му понуди нов договор на Касемиро. Договорот на 33-годишниот фудбалер истекува на 30 јуни оваа година.

Касемиро ќе бара нов клуб, како слободен играч. Во Манчестер Јунајтед тој пристигна во 2022 година, од Реал Мадрид за сума од 70 милиони евра.

Еден од најтрофејните играчи во историјата на модерниот фудбал, кој некогаш беше член на Реал Мадрид во времето кога кралскиот клуб доминираше во Лигата на шампионите, ја потврди својата разделба со англискиот гигант.

„Од моето претставување тука и пристигнувањето на аеродромот, наидов на топол пречек од навивачите. Не само за мене, туку и за целото мое семејство. Уште првиот ден по пристигнувањето на стадионот, тие го скандираа моето име и тоа е нешто што никогаш нема да го заборавам. Овој клуб многу ми значи. Секогаш ќе го носам овој клуб со мене и ќе бидам навивач на Јунајтед. Во Англија, ќе носам црвено и ќе му останам лојален на Јунајтед до смрт“, рече Касемиро.

Касемиро со Манчестер Јунајтед ги освои ФА Купот и Лига Купот со Јунајтед.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top