Барселона најмалку четири недели без Педри

Барселона најмалку четири недели без Педри

пред 5 часа

Барселона објави дека шпанскиот репрезентативец Педри ќе биде надвор од теренот во следните четири до пет недели поради повреда на тетивата, што значи дека ќе пропушти помеѓу седум и десет натпревари. Педри се повреди вчера, во Прага против Славија, во Лигата на шампионите.

Според каталонските медиуми, во тој период Барселона ќе биде без еден од клучните играчи за врска најмалку шест до седум натпревари, вклучувајќи ги натпреварите во Примера, Лигата на шампионите и Купот на кралот.

Педри сигурно ќе го пропушти претстојниот дуел со Реал Овиедо на „Камп Ноу“, како и средбата против Копенхаген во последното коло од првата фаза од Лигата на шампионите.

Дополнително, Барселона ќе игра и натпревар од Купот на Кралот против Албасете во наредниот период, како и лигашки дуели со Мајорка, Џирона и Леванте.

Во зависност од резултатите во европските и домашните натпреварувања, Барселона би можела да одигра дополнителни натпревари за време на отсуството на Педри.

Евентуален пласман во плејофот на Лигата на шампионите би значел дека Педри речиси сигурно ќе го пропушти првиот натпревар од нокаут фазата кон средината на февруари.

Барселона ќе биде дополнително ослабена, наредната среда против Копенхаген, бидејќи Френки де Јонг нема да игра поради суспензија.

Порано оваа сезона, Педри имаше проблеми со повреда на тетивата, поради што отсуствуваше околу еден месец, а пропушти и еден натпревар пред зимската пауза поради проблем со коленото.

Вкупно, тој отсуствуваше шест натпревари оваа сезона, Барселона забележа четири победи во Ла Лига без него, додека во Лигата на шампионите ремизираше со Клуб Бриж (3:3) и загуби од Челзи (0:3).

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top