Манчестер Јунајтед, под водство на Мајкл Керик, по Сити успеа да го победи и Арсенал. Во дербито, одиграно во Лондон, Јунајтед победи со 3:2 и се искачи на четвртото место на табелата. Арсенал, го забележа третиот пораз не само во Премиер лигата, туку во сите натпреварувања. По првиот пораз на домашен терен сезонава, Арсенал има четири поени повеќе од Сити и Астон Вила.
Арсенал доминираше во првите 30 минути и дојде до предност со авто-голот на Лисандро Мартинез. Играта на лидерот се распадна во 37.минута, кога Зубименди буквално му ја подари топката на Мбумо, а Камерунецот погоди за 1:1.
Вториот дел најпрвин го обележа Микел Артета. Менаџерот на Арсенал, во 58-та минута изврши четири измени, откако седум минути претходно Патрик Доргу со евро-гол го комплетираше пресвртот на Јунајтед.
Арсенал изедначи во 84-та минута, по голема мешаница пред глот на Ламенс, Мерино ја пикна топката во голот.
Целосен шок на „Емирати“ следуваше две минути подоцна кога Матеус Куња, хируршки прецизно биеше од 23 метри и го постави конечниот резултат.
Foto/ EPA






