(Видео) Шампионот немоќен пред Торонто Репторс

(Видео) Шампионот немоќен пред Торонто Репторс

пред 5 часа

Актуелниот шампион во НБА лигата, Оклахома Сити Тандер, го забележа вториот последовен пораз на домашен терен, трети на последните пет натпревари, вкупно 10-ти во сезоната. Тандери загубија од Торонто Репторс со 101:103.

Натпреварот во Оклахома го реши Имануел Квикли со поените од линијата за слободни фрлања на осум секунди до крајот. Торонто со овој триумф се искачи на третото место во Источната конференција, со скор 29-19.

Квикли го предводеше Торонто со 23 поени и 11 скока, додека Ар Џеј Барет имаше 14, а Брендон Инграм 13 поени.

Што се однесува до Оклахома, Шеј Гилџес-Александер забележа 23 поени, 3 скока и 6 асистенции, Лугенц Дорт 19 поени и 8 скока.

Резултати:

Детроит – Сакраменто 139:116
/Канингем 29 – Монк 19/

Минесота – Голден Стејт 85:111
/Едвардс 32 – Кари 26/

Сан Антонио – Њу Орлеанс 95:104
/Вилијамсон 24 – Вембањама 16/

Финикс – Мајами 102:111
/Брукс 26 – Адебајо 21/

ЛА Клиперс – Бруклин 126:89
/Ленард 28 – Волф 14/

Share
Scroll to Top