Карлос Алкараз и Александар Зверев одиграа епски меч на Австралија Опен. Најдолгото полуфинале, пет часа и 26 минути, во историјата на турнирот во Мелбурн, му припадна на Шпанецот со 6:4, 7:6, 6:7, 6:7, 7:5. Зверев се врати од бездната, изедначи, имаше брејк предност во решавачкиот сет, сервираше за пласман во финалето при резултат 5:4, но Шпанецот волшебно се врати, ги доби последните три гема и се пласира во своето прво финале во Мелбурн.
Foto/ depositphotos






