Мицкоски му честита именден на помалиот син: Да бидете со бато секогаш сложни и знам дека сами ќе постигнете многу за семејството и за Македонија

Мицкоски му честита именден на помалиот син: Да бидете со бато секогаш сложни и знам дека сами ќе постигнете многу за семејството и за Македонија

пред 4 часа






„Среќен именден и роденден синко! Напомош нека е денешниот празник Св. Антониј Велики. Жалам што не бев присутен кај бато, на Св. Јован и што понекогаш кога ви требам не сум тука, но честа да се бориме како семејство за Македонија нема димензија“, напиша премиерот Христијан Мицкоски, во честитката до помалиот син, објавена на социјалните мрежи.

„Да бидете со бато секогаш сложни, здрави и среќни и тогаш знам дека сами ќе постигнете многу за семејството и за Македонија. Бог да ја благослови Македонија!“, посака Мицкоски.






Share
Scroll to Top