Синот на Цеца со месеци не престојува во Србија, му се посвети на боксот

Синот на Цеца со месеци не престојува во Србија, му се посвети на боксот

пред 5 часа

„Тој како момче претходно немал таква девојка. Можеби имал други девојки, но веројатно тоа во Белград не можел да го види. Богдана е домаќинка и способна девојка. Таа е семејна, ги цени вистинските вредности“, изјави во една пригода таткото на Богдана за Вељко, кој ја остави Богдана со трите деца за да тренира бокс во Русија.

Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца, со сопругата Богдана доби три сина, а минатата година ја прослави шестата годишнина од бракот.

Боксерот веќе со месеци не престојува во Србија, бидејќи донесе одлука целосно да му се посвети на спортското усовршување во боксот во Русија.

Иако е познато дека таму е фокусиран на напорни тренинзи, Ражнатовиќ со последната објава на социјалните мрежи ја покажа својата емотивна страна.

На својот Инстаграм профил сподели фотографија со сопругата Богдана, на која парот позира прегрнат во романтичен амбиент покрај море. Најверојатно станува збор за нивна постара фотографија.

Вељко за своја база го избра Владивосток, но и покрај тоа што го реализира својот сон за успешна боксерска кариера, нему тешко му паѓа раздвоеноста од семејството.

 

Share
Scroll to Top