По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром

По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром

пред 4 часа

Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.

-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.

Текстот По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top