Кошаркарите на Оклахома и Њујорк забележаа победи во дерби мечевите, одиграни во НБА лигата. Актуелните шампиони победија во Денвер со 121:111. а Никс славеа над ЛА Лејкерс 112:100.
Шеј Гилџис-Александер беше најзаслужен за победата на Оклахома со 34 поени, 13 асистенции и пет скока. Кејсон Волас го следеше со 27 поени и шест скока.
Пејтон Вотсон беше најефикасниот играч кај Денвер со 29 поени и пет скока. Никола Јокиќ со скратена минутажа забележа 16 поени, седум скока и осум асистенции.
Оклахома го диктираше ритамот во текот на целиот натпревар и не го испушти водството во ниту еден момент.
Њујорк во „Медисон Сквер Гарден“, благодарение на Лендри Шемет ги решија Лејкерси. Бекот на Никс, влегувајќи од клупата, постигна шест тројки, мечот го заврши со 23 поени.
Њујорк мечот го решија во третиот период. Откако по првиот дел имаа предност од 56:53, во третата четвртина акумулираа уште 12 поени, во последниот период влегоа со предност од 16 поени.
Покрај Шемет, кај Њујорк се истакнаа Ануноби со25 поени со осум скока, Харт со 20, Бренсон со 12, односно Таунс со 11 поени и 13 скока.
На спротивната страна, Дончиќ имаше 30 поени, 15 скока и осум асистенции, а ветеранот Џејмс забележа 22 поени, пет скока и шест асистенции.
Резултати:
Бостон – Милвоки 107:79
/Браун 30 – Ролинс 25/
Детроит – Бруклин 130:77
/Дурент 21 – Пауел 12/
Мајами – Чикаго 134:91
/Адебајо 20 – Вајт 16/
Торонто – Јута 107:100
/Берет 21 – Марканен 27/
Вашингтон – Сакраменто 116:112
/Рајли 18 – Лавин 35/
Сан Антонио – Орландо 112:103
/Вембањама 25 – Бејн 25/
Феникс – ЛА Клиперс 93:117
/Ален 23 – Ленард 25/
Портланд – Кливленд 111:130
/Лав 21 – Ален 40/






