Кристијано Роналдо, најголемата ѕвезда во лигата на Саудиска Арабија, одби да игра за својот Ал Наср на натпреварот против Ал Ријад. Оваа одлука не е резултат на повреда, туку отворен бунт против Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (PIF), кој управува со клубот. Португалецот, кој неодамна го постигна својот 961-ви гол во кариерата и го брка својот 1.000-ти, е крајно незадоволен од најновите потези на Фондот.
Кристијано Роналдо, смета дека Фондот кој управува со неколку клубови, го фаворизира Ал Хилал.
Во овој контекст, треба да се разгледаат и неодамнешните шпекулации за евентуалниот трансфер на Карим Бензема во Ал Хилал.
На францускиот напаѓач му беше понудено продолжување на договорот од Ал Итихад, што не ги исполни неговите очекувања, а „Лекип“ објави дека Бензема е блиску до потпишување за Ал Хилал, моменталниот лидер во првенството, кој има три бода повеќе од Ал Наср, второпласираниот тим на табелата.
Трансфер политиката може да биде една од клучните причини за незадоволството на Роналдо.
Според „А Бола“, Португалецот се жали на недостатокот на инвестиции во тимот. Ал Наср донесе само едно засилување за време на зимскиот преоден рок, 21-годишниот играч од средниот ред Хајдер Абдулкарим од Ирак.
Foto/ depositphotos






