Леброн и шестмина дебитанти меѓу резервите за Ол стар натпреварот

Леброн и шестмина дебитанти меѓу резервите за Ол стар натпреварот

пред 3 часа

Откако пред едена недела беа избрани стартните петорки за ол стар натпревар, НБО лигата ги објави и имињата на резервите.

Главната вест е дека соиграчот на Никола Јокиќ, Џамал Мареј, беше избран да учествува во Ол-стар натпреварот за прв пат, и не беше само Канаѓанецот кој влезе во историјата кога беше на списокот.

Мареј и Никола Јокиќ, кој беше избран за стартер на Западната конференција минатата недела, станаа првиот тандем соиграчи од Денвер во Ол-стар натпреварот од 2010 година, кога тоа го направија Кармело Ентони и Чонси Билапс.

Леброн Џејмс беше избран за Ол-стар натпревар 22-ра година по ред, со што го зацврсти својот рекорд кој ќе биде тешко за некој да го сруши.

На списокот се наоѓа и Кевин Дурант, кој беше избран во ова елитно друштво по 16-ти пат. Тоа е четвртиот најголем број Ол-стар натпревари во историјата.

Дени Авдија стана првиот Израелец во историјата кој стигна до Ол-стар натпреварот, а беше избран, откако оваа сезона е најдобриот играч на Портланд. На Западот дебитант е и центарот на шампионите, Оклахома, Чет Холмгрен, се и Ентони Едвардс и Девин Букер.

Што се однесува до Истокот, на списокот се наоѓаат: Донован Мичел од Кливленд, Паскал Сиакам од Индијана, Скоти Барнс од Торонто, како и дебитантите: Џејлен Дурен од Детроит, Норман Пауел од Мајами, Карл-Ентони Таунс од Њујорк и Џејлен Џонсон од Атланта.

Според новиот НБА формат, овие играчи ќе бидат поделени во три тима, од кои еден ќе биде составен од меѓународни играчи, а два од американски играчи.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top