Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

пред 4 часа

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top