Горецка му рекол „не“ на Арсенал

Горецка му рекол „не“ на Арсенал

пред 5 часа

Фудбалскиот клуб Арсенал се обиде да се засили во самиот финиш од зимскиот преоден рок, но не успеа.

Како што открија медиумите од Германија, Арсенал го контактирал Леон Горецка за време на јануарскиот преоден рок. Германецот се заблагодарил на понудата и повторил дека ќе ја заврши сезоната во Баерн Минхен, а потоа како слободен играч ќе бара нов клуб.

Од истата причина тој во текот на јануари ја одби и понудата од Атлетико Мадрид и Тотенхем.

Арсенал, се обиде да донесе замена за Микел Мерино, кој ќе биде надвор од теренот неколку месеци.

Горецка одигра 292 натпревари за Баерн Минхен, постигна 47 гола и регистрираше 48 асистенции и освои сите можни трофеи.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top