Дали компирите може повторно да се загреат? Обрнете внимание

Дали компирите може повторно да се загреат? Обрнете внимание

пред 7 часа

Подгревањето на храната само по себе можеби не е опасно, но начинот на кој оброците се чуваат по готвењето може да претставува сериозен ризик по здравјето.

Посебно внимание треба да се посвети на компирите, кои често се подготвуваат однапред и се загреваат подоцна.

Зготвените компири можат да се подгреат само ако се изладат брзо по подготовката и се складираат правилно во фрижидер.

Проблемот се јавува кога се оставаат на собна температура, особено ако се покриени со алуминиумска фолија или се запечатени во пластичен сад.

Ваквите услови создаваат поволни услови за развој на опасни бактерии што можат да доведат до сериозно труење со храна.

Иако компирите често се издвојуваат како ризични, постојат и други намирници кои бараат дополнителна претпазливост при подгревање.

Печурки
По термичката обработка, печурките лесно се расипуваат ако не се складираат правилно. Подгревањето може да предизвика проблеми со варењето, особено ако долго време се надвор од фрижидер.

Се препорачува да се чуваат во фрижидер не повеќе од еден ден и темелно да се подгреат пред консумирање.

Спанаќ и други лиснати зеленчуци

Спанаќот, како и другите лиснати зеленчуци, може да содржат високи нивоа на нитрати. Кога се загреваат повторно, можат да ја променат својата структура и да станат потенцијално штетни, поради што се препорачува претпазливост и да се избегнува повеќекратно загревање.

За да се намалат здравствените ризици, важно е зготвената храна да се излади што е можно поскоро, да се чува во фрижидер и да се загрева само еднаш, особено кога станува збор за храна како компири.

Share
Scroll to Top