Трипл-дабл на Јокиќ и промашен шут за победа

Трипл-дабл на Јокиќ и промашен шут за победа

пред 4 часа

Иако Никола Јокиќ забележа нов трипл-дабл во својата богата кариера, Денвер Нагетс беа поразени од Кливленд Кавалирс со 119:117 во драматична завршница во ноќта помеѓу понеделник и вторник. Нагетс го забележаа четвртиот пораз во последните пет натпревари, а Кливленд осмата победа на последните девет натпревари.

Српскиот центар го заврши натпреварот со 22 поени, 14 скока и 11 асистенции, достигнувајќи го 183-от трипл-дабл во својата кариера, само две ноќи откако го помина Оскар Робертсон и се искачи на второто место на вечната листа на НБА.

Јокиќ исто така имаше шут за победа, но не успеа да погоди тројка со звукот на сирената.

Херој на вечерта беше Донован Мичел, кој постигна 32 поени, вклучувајќи две слободни фрлања на 0,9 секунди до крајот, откако Џејмс Харден претходно погоди тројка на 32 секунди до крајот за 117:117.

Харден во вториот натпревар во дресот на Кавалирс запиша 22 поени и 10 скока.

НБА резултати

Шарлот – Детроит 104:110
/Милер 24 – Канингем 33/

Бруклин – Чикаго 123:115
/Клакстон 28 – Симонс 23/

Мајами – Јута 110:115
/Вигинс 26 – Џексон 22/

Орландо – Милвоки 118:99
/Блек 26 – Портер 28/

Минесота – Атланта 138:116
/Едвардс 30 – Меколум 38/

Њу Орлеанс – Сакраменто 94:120
/Марфи 21 – Рејно 21/

Голден Стејт – Мемфис 114:113
/Спенсер 17 – Џером 19/

ЛА Лејкерс – Оклахома 110:119
/Џејмс 22 – Вилијамс 23/

Портланд – Филаделфија 135:118
/Камара 30 – Мекси 30/

Share
Scroll to Top