(Видео) Летаа тупаници во Шарлот, жестока тепачка на теренот

(Видео) Летаа тупаници во Шарлот, жестока тепачка на теренот

пред 7 часа

Натпреварот помеѓу Шарлот Хорнетс и Детроит Пистонс требаше да биде еден од подобрите натпревари изминатата ноќ, со оглед на тоа што Шарлот влезе во натпреварот со девет последователни победи, додека Детроит е на првото место во Источната конференција.

Сето тоа падна во втор план поради големата тепачка што се случи во текот на третата четвртина и целосно го обележа натпреварот.

Инцидентот се случи на малку повеќе од седум минути пред крајот на третиот период, кога Детроит имаше предност од 70:62, а започна по продорот на Џален Дурен кон кошот и фаулот направен од Муса Диабате.

Потоа Дурен се сврте кон Диабате, двајцата се соочија еден со друг, а вербалниот конфликт веднаш прерасна во физичка пресметка, која траеше повеќе од половина минута и во кој беа вклучени повеќето играчи на паркетот. Откако страстите малку се смирија, нив повторно ги разгоре Ајзеа Стјуарт.

Тој ја напушти клупата на Детроит за да се соочи со Бриџис, а новата физичка пресметка доведе до нов метеж на паркетот, по што судиите го прекинаа натпреварот и започнаа со прегледување на снимката.

По долга пауза, беше одлучено четворица играчи да бидат исклучени,од Шарлот, Диабате и Бриџис мораа да го напуштат теренот, додека во Детроит, Дурен и Стјуарт беа исклучени, што практично му даде на дуелот сосема поинаков тек.

На крајот Детроит победи со 110:104.

Share
Scroll to Top