Словенците на погон на семејството Превц скокнаа до златниот медал

Словенците на погон на семејството Превц скокнаа до златниот медал

пред 4 часа

Словенија го освои својот прв златен медал на Олимписките игри, откако победи во екипното натпреварување во скијачки скокови.

Словенците го потврдија статусот на првви фаворити, тимот составен од Ника Водан, Анже Ланишек, Ника и Домен Превац на крајот убедливо триумфираше. Тие на крајот победија со вкупно 1.069,2 поени, пред Норвешка со 1.038,3 и Јапонија со 1.034,0.

Ова е втор медал за Словенија на овогодинешните Олимписки игри, а првиот го освои и Ника Превац, која беше втора на малата сколаница.

Жетвата на медали може да ја продолжи нејзиниот брат Домен, кој е фаворит на големата скокалница, а тој и Ланишек ќе ја предводат Словенија во екипното натпреварување кај мажите.

Исто така, Словенија остана единствената земја што освои олимписко злато во оваа дисциплина, но прв пат со брат и сестра во тимот.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top