Во пресрет на празникот Св. Трифун, заштитникот на лозарите, реализирани се средства во износ од 481.127.667 денари кон 12.458 корисници, соопшти Министерството за земјоделство.
Средствата се исплатени по Мерка 1.8 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.
„Се потврдува посветеноста и приоритетите на институциите во развојот на оваа земјоделска гранка. Министерството продолжува со реализација на мерки и политики насочени кон одржливост и унапредување на земјоделското производство“.
Текстот МЗШВ: Исплатени се 481.127.667 денари кон 12.458 лозари е превземен од МАКФАКС.






