Облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, на планините врнежи од снег

Облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, на планините врнежи од снег

пред 4 часа

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Времето во наредните денови

Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи.

Текстот Облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, на планините врнежи од снег е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top