Ексклузивен заеднички концерт на Тони Цетински и Нина Бадриќ на 28 ноември во Скопје

Ексклузивен заеднички концерт на Тони Цетински и Нина Бадриќ на 28 ноември во Скопје

пред 4 часа

На 28 ноември 2026 година, Скопје ќе биде дел од концертен проект што обединува две од најконзистентните и највлијателни музички имиња на регионалната поп-сцена, Тони Цетински и Нина Бадриќ. Настанот кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ е најавен како гала-концепт што ги става во фокус музиката, интерпретацијата и зрелата сценска енергија.

Скопје одамна не бил домаќин на концерт во кој самото присуство на артистите е доволно за да ја носи тежината на вечерта.

Тони Цетински важи за еден од најмоќните машки вокали во регионот, интерпретатор чија способност да ја трансформира баладата во масовна емоција стана негов заштитен знак. Неговата кариера е обележана со хитови што повеќе генерации ги препознаваат како дел од сопствените животни приказни, што на неговите концерти создава уникатна синергија меѓу сцената и публиката.

Нина Бадриќ, пак, претставува пример за уметничка зрелост, достоинство и стил. Нејзиниот препознатлив глас и репертоар исполнет со хитови што траат со години ја позиционираа како една од највлијателните и најпочитувани авторки во регионот.

Скопје ќе има ретка можност да сведочи на спојот на овие два силни музички универзуми. Две различни сценски енергии, два автентични уметнички идентитети, обединети во една концептуална вечер со јасна порака – љубовта како универзален јазик.

Заедничкиот концерт во Скопје ќе понуди програмски балансирана вечер во која ќе бидат изведени најзначајните песни од нивните кариери, во формат што дозволува и самостојни настапи и креативен преплет на двата сценски изрази. Организаторот најавува продукција со современа сценографија и техничка поставеност, во согласност со стандардите на големи регионални концертни проекти.

Share
Scroll to Top