Муцунски на министерски состанок за Коридорот 8 во Тирана

Муцунски на министерски состанок за Коридорот 8 во Тирана

пред 4 часа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, заедно со колегите од Италија, Бугарија и Романија, ќе учествува на Министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“.

На состанокот ќе стане збор за актуелните инфраструктурни проекти што во моментов се операционализираат долж Коридор VIII, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите, а за чие надминување е неопходно засилено политичко внимание.

Текстот Муцунски на министерски состанок за Коридорот 8 во Тирана е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top