Феенорд поради Стерлинг го пресели целиот тим во Белгија

Феенорд поради Стерлинг го пресели целиот тим во Белгија

пред 4 часа

Феенорд ќе тренира во следните седум дена во Белгија, наместо во Ротердам, со цел новото засилување Рахим Стерлинг да се вклопи во тимот што е можно поскоро, објавија британските медиуми.

Поранешниот англиски репрезентативец потпиша за холандскиот клуб минатата недела откако спогодбено се раздели со Челзи, но сè уште не може да тренира или игра во Холандија додека не добие работна дозвола.

Тренерот Робин ван Перси потврди дека тимот ги преместил подготовките во Тубиз, околу 137 километри од Ротердам, токму за да може Стерлинг да тренира со своите нови соиграчи.

„Една од причините е што Стерлинг може да тренира со тимот. Исто така, можеме да работиме на тимската култура. Ова е важно и за Рахим и за процесите низ кои поминуваме“, рече Ван Перси.

Стерлинг, откако го напушти Челзи, разгледа неколку опции, а според извори на Би-Би-Си, околу 18 клубови од Англија и Европа покажале интерес за него пред да се одлучи за Феенорд.

16-кратниот шампион на Холандија моментално е втор на табелата во холандското првенство, 14 бода зад лидерот ПСВ.

Стерлинг постигна 20 гола на 82 натпревари за Англија, но не играл за националниот тим од 2022 година.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top