(Видео) Шкендија загуби од Самсунспор

(Видео) Шкендија загуби од Самсунспор

пред 5 часа

Фудбалерите на Шкендија доживеаја пораз од Самсунспорт, во првиот бараж натпревар, за пласман во осминафиналето во Конференциската лига. Вечерва во Скопје, турскиот тим победи со 1:0.

Самсунспор, доминираше, особено во првото полувреме, кога поранешниот напаѓач на Црвена звезда, Шериф Ндијај промаши пенал. Сенегалецот, во седмата минута шутираше над голот.

Шкендија најдобрата шанса ја пропушти во 52-та минута, кога ударот на Ибраими заврши крај голот.

Самсунспор доминцијата, во најголемиот дел од натпреварот, ја круниса со гол во 77-та минута, кога мрежата на Шкендија ја погоди Мариус.

Реваншот во Турција се игра наредниот четврток.

EPA/GEORGI LICOVSKI

Share
Scroll to Top