Американската, Алиса Лу стана олимписка шампионка во уметничко лизгање на Игрите во Милано и Кортина.
Лу ги обедини титулите светска и олимписка шампионка, откако беше изворедна во слободната програма и од третото се искачи на првото место.
Таа го освои и своето второ злато во Милано, откако претходно славеше во екипна конкуренција, воедно стана и првата Американка од 2002 година што стигна до највисокото место на подиумот. Во Солт Лејк Сити, титулата олимписка шампионка ја понесе Сара Хјуз.
Американката го освои златото со 226,79 поени, по неа следеа две Јапонки: Каори Сакамото, која со својот настап се збогува со Олимписките игри, и Ами Накаи. На крајот, Сакамото имаше 224,90 поени, а Накаи 219,16.
Патем, новата олимписка шампионка го објави своето пензионирање пред четири години како 16-годишна девојка, наведувајќи како причина дека сака да го доживее она што не можела поради лизгањето.
Се повлече откако заврши шеста на своите дебитантски Зимски олимписки игри во Пекинг во 2022 година, а потоа освои бронза на Светското првенство во Монпелје. Се врати на мразот две години подоцна, минатата година во Бостон стана светска шампионка, а во Милано, го постигна најголемиот успех во кариерата.
Foto/ EPA






